Спорт

Смешниот Бразил понижен од моќната Германија

Смешниот Бразил понижен од моќната Германија

Не само што им се реваншираа за поразот во финалниот натпревар од пред 12 години, со историската победа од 7:1, репрезентативците на Германија го понижија националниот тим на Бразил, сред Бело Хоризонте и сосема заслужено обезбедија пласман во финалниот натпревар кој ќе биде одигран на 13 јули во Рио де Жанеиро со почеток во 21:00 часот.
Домаќинот на јубилејното 20. Светско првенство го доживеа најтешкиот пораз во репрезентативната историја, додека Германија на најдобар може начин покажа и докажа дека со прави важи за најголем фаворит кога е во прашање светската титула.

Избраниците на Јоаким Лев има предност од пет гола веќе на крајот од првото полувреме, откако по еден гол на своето конто запишаа Томас Милер, Мирослав Клосе и Сами Кедира, а два постигна одличниот играч за врска, Тони Крос.
Во второто полувреме, два погодока постигна резервниот напаѓач на Германија, Андрес Шурле, а почесниот погодок за Бразил, постигнат во 90 минута, беше дело на Оскар.

„Јас сум одговорен за оваа наша катастрофа. Им честитам на Германците, одиграа одлично, беа надмоќни, го решија натпреварот за 5-6 минути. А во останатиот дел од мечот само ние се мачевме. Многу е тешко знам, сакам да им се извинам на сите бразилски фанови, и да им заблагодарам што не бодреа кога губевме и со 5-0, 6-0, 7-0. Несфатливо паднавме уште по првиот примен гол, а потоа лошите работи за нас едноставно се редеа, а ние не бевме моќни да ги сопреме. Ова е катастрофален пораз. Но, ние мораме да научиме и да губиме. Голем дел од овие фудбалери ќе играат и на Светското првенство во 2018 година, и тие не треба да бидат на столбот на срамот, туку треба да ја добијат нашата максимална поддршка”, изјави селекторот на Бразил, Луис Филипе Сколари.