Смешниот Коентрао обајсни зошто Златната топка не смее да заврши кај Рибери

Иако има очајна минутажа и е заштитетн декор од клупата за резервни фудбалери на Реал (М), португалскиот интернационалец Фабио Коентрао, собра храброст јавно да изјави дека престижната награда на ФИФА и Франс Фудбал, популарната „Златна Топка” не смее да заврши во рацете на францускиот интернационалец од редовите на Баерн (М), Франк Рибери.

„Меси е фантастичен фудбалер, но не игра во последниот период. Оваа награда не смее да заврши во рацете на Франк Рибери. Французинот има постигнато со 22 погодоци. Кристијано Роналдо има постигнато дупло повеќе погодоци”, изјави Коентрао.

Самобендисаниот бек има заборавено дека фудбалот е тимска игра, дека Рибери во изминатата сезона освои се што можеше да освои, а неговиот сонародник, Роналдо, освен со погодоците, не може да се пофали со ниту еден освоен трофеј во изминатата сезона.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.