Смешно е човек кој постојано стои зад Заев да формира натпартиско тело

Претседателот на ГРОМ и поранешен функционер на СДСМ, Стевчо Јакимовски во Дневникот плус на Канал 5 истакна дека е смешно тоа што партиски човек кој постојано стои зад лидерот на СДСМ и постојано е кандидат на таа партија да кажува дека ќе формира натпартиско тело.

-Очигледно дека СДСМ проценува дека неговата сила на е доволна, се обидуваат да создадат некој фронт  којшто ќе го шират се со цел да добива повеќе сојузници во оваа нивна битка, којашто очигледно не им дава ефекти, какви што тие очекуваат, смета Јакимовски.