недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 52

Сметките на невладините на Сорос во Македонија се полнат со милиони пред избори

„СОС“ вчера ја претставија мрежата на финансирање на организациите во Македонија кои се под капата на Сорос на чии сметки покрај годишните суми, легнуваат и дополнителни средства од Сорос во клучни политички моменти во Македонија, најчесто пред започнување на изборните кампањи.

mreza-soros

Поврзани вести

Организациите НВО Инфоцентар, МОФ, Хелсиншки комитет, Метаморфозис, Акција плус Ресен, Фокус Велес, Факултет за работи што не се учат, Аква Струга, Огранизација на жени на општина Струмица, Центар за современи уметности, Џев и многу други фондации се само дел од оние на чии сметки легнувале милионски суми за време на предизборието во Македонија во изминатиот период, истакнаа вчера од Граѓанското движење Стоп Операција Сорос.

„СОС“ вчера ја претставија мрежата на финансирање на организациите во Македонија кои се под капата на Сорос на чии сметки покрај годишните суми, легнуваат и дополнителни средства од Сорос во клучни политички моменти во Македонија, најчесто пред започнување на изборните кампањи.

Никола Србов од граѓанското движење вчера истакна и дека точно пред да се дознае денот на изборите во 2016 година од сметката на Отворено општество легнале милионски суми во организациите во Македонија.

-Станува збор за износи кои се префрлувани во клучни моменти. Пред да почне кампања за парламентарни избори тогаш се префрлани овие парични средтсва плус од годишниот буџет кои си го добиваат сите овие организации. Се надеваме дека оваа истрага која ние локално ја спроведовме ќе биде од добра корист во истрагата која ќе следи од САД за амбасадата во Реублика Македонија како тоа се шири мрежата и се трошат парите на даночните обврзници на САД, посочи Србов.

Хелсиншкиот комитет е добро познaт на сите тој се бори за заштита на човековите права, а се работи за крајно партизирана и политизирана организација, нивните први луѓе како што се Гордан Калајџиев, Уранија Пировска и Мирјана Најчевска се секогаш први на протестите организирани од СДСМ, а при тоа инсистираат да се третираат како независни и неутрални. Малдинскиот образовен форум се збогатила за 79.000 евра од страна на Сорос, се работи за организација која е клучна во организирањето на протести на студентите и средношколците против реформите во образованието, како што беше екстерното тестирање. На сметка на организацијата НВО Инфоцентар се имаат прелеано 10 милиони денари или 168 илјади евра, на сметката на Млади европски федералисти 12 илјади евра или 730 илјади денари, а овие средства се прелеани само од Фондацијата за отворено општество, истакна Цветин Чилиманов.

Деталниот приказ за износот кој организациите во Македонија го добиле до Сорос погледнете во видеото во продолжение:

Најчитани вести