Смилево заборавено за Илинден

Во саботата Македонија дишеше во Илинденски дух се славеше национализмот, македонската храброст, револуцијата и нашето постоење и жеивеење, покрај Крушево, Пелинце и Трново Илинден се прослави и во Смилево Демир Хисарско, јавува Тера.

Ристо Грујовски претседател на здружението вели дека е некорекно на прославата на Илинденското востание воопшто да не биде споменат ниту Смилевскиот конгрес ниту Даме Груев нит пак неој од државниот врв да го посети Смилево.

Велат не треба да се заборава легитимната историја.Грујовски додава дека бугарското здружение во земјава има право на собири но неможе да ги препишува македонските херои како бугарски испорвоцирани од бугарските делегации.

Како слободен граѓанин, почесен граѓанин на Слепче Демир Хисарско, како член на здружението на почитувачи на ликот и делото на Дамјан Груев, Џамбазов според легитимни записи проговори за постоењето на Бугари во овој дел од Македонија

Игор Џамбазов вели прочитајте го Крушевскиот манифест и ќе видите дека торбеши, албанци, власи, македонци, турци се повикуваат, но никаде нема споменато Бугари.

Велат дека правно и легитимно ќе се обратат до сите државни институции барем до година ова големо и од историско значење место да не биде заборавено од Македонците посебно не од државниот врв.