ВИДЕО: Каква шминка ќе доминира годинава?

Годинава заборавете на контурите, затоа што во 2016-тата фокусот ќе биде на прекрасниот и природен изглед на кожата…

Минатата година на лицата на голем број убавици на социјалните мрежи доминираше силно контурираното лице, годинава не очекува нов и сосема освежувачки тренд.

Вејн Гос еден од најпопуларните британски визажисти кој го уредува неговиот канал на Јутјуб, најави големо враќање на свежата, природна кожа, која изгледа проѕирно, осветлено и здраво.

Ако може да се верува на неговите инсајдерски најави, големите кафени линии што се протегаат на средината на образите се во минатотот, а ќе бидат заменети со неверојатни формулации на пудри кои што се невидливи на кожата, како и тенко нанесените илуминатори и хајлајтери со дискретни рефлектирачки честички.

Можеби ќе ве интересира и ова: Трендови што ќе ја одбележат оваа 2016-та година