ВИДЕО: Шминка во стилот на Елизабет Тејлор

Елизабет Тејлор беше една од најубавите жени во Холивуд. Таа негуваше раскошен, гламурозен изглед со акцент на впечатливите веги, црвените усни и моливот за очи.

Лиса Елдриџ секојдневно има задача да ги трансформира жените во сериозно убави дами, па и во филмска дима. Таа го покжаува тоа секоја недела во туторијалите за шминкање што може да ви послужат како вистинска инспирација.

Лиса оваа недела покажа како да се нашминкате во стилот на една од најубавите жени и музи во историјата на Холивуд: класичната убавица Елизабет Тејлор.

На лицето на русокосата актерка Лори Жан Марш, Лиса ги покажа клучните компненти од изгледот на иконата на 50-тите години на минатиот век.

Погледнете го видеото!