среда, 23 август 2017  |  Вести денес: 0

Смит: Ако тие го прекршиле законот, мора да одговараат

Водечкиот американски републикански конгресмен Кристофер Смит најави истрага за политизирањето на улогата на американската амбасада во Македонија и повика дека амбасадорот и персоналот ќе одговараат ако зазеле страна во изборите.

смит

Поврзани вести

Ќе биде скандалозно ако нашиот амбасадор или некој од нашиот персонал во Американската амбасада во Скопје фатил страна во овие последни избори или било кои избори во минатото, сега и во иднината, тоа воопшто не е фер. Ние сакаме да дојдеме до коренот на проблемот, ние ги немаме одговорите на овие прашања. Ние бараме да се направи истрага и ако тие го прекршиле законот тие мора да одговараат, изјави Смит.

Крунски доказ за фовиризирањето на СДСМ од страна на Џес Бејли и неговиот персонал  е неговата слика пред штабот на СДСМ во Охрид, од која се гледа како тој со група активисти на партијата во предизборниот период стојат пред вратата на просториите на штабот.

Покрај Бејли во друштво на лица од СДСМ  може да се забележи и Раководителот на правен сектор во Амбасадата на САД, Кристина Каранакова која е во често друштво на Цветанка Ласкова, претседател на организацијата на жени на СДСМ.

bisera

Јавноста памети кога во медиумите минатата година излегуваа многу  информации и слики дека ќерката на Кристина Каранакова, Бисера Каранакова  е чест посетител на протестите на „Шарената револуција“.

karanakova

Најчитани вести