Смит: Со пари на американски граѓани Сорос финансира поранешни комунисти за да сруши демократски избрана власт во Македонија

„Американците ќе бидат шокирани кога ќе дознаат дека Сорос во соработка со американската Влада преку УСАИД финансирал левичарски организации како и поранешната комунистичка партија во Македонија, со цел да ја сруши конзервативната Влада, која е демократски избрана“

Гостин на Тони Перкинс во „Поглед на Вашингтон“ е конгресменот Крис Смит кој зборува за Џороџ Сорос и неговата мрежа како и финансиите и целите на истите кои се спроведуваат преку неговата Фондација Отворено Општество.

–Џорџ Сорос ги користи вашите пари за да ги оцрни конзервативните демократи. Користи фондовите на САД за да мести избори низ Европа. Конгресменот Кристофер Смит има шокантни докази и информации, вака Перкинс го најавува конгресменот Смит.

-Кратко по изборите во ноември во САД и во Македонија се одржаа избори но во декември. Земјата ја има својата самостојност од 1991 година, а претходно беше дел од Југославија. Владеена претежно од конзервативна идеологија. Слободен пазар, граѓанска одговорност а нивната економија започна да расте. Станува збор за мала држава но навистина многу успешна, вели Перкинс во својата емисија кој додава, за време на изборите во декември конзервативците повторно победиле но со тесна разлика.

-Која беше причината? Дали затоа тоа што конзервативната идеологија веќе не функционира? Не. Милијардерот Џорџ Сорос здружен со нашиот Стејт Департмент ја „нападна“ Македонија како и други европски демократии, користејќи ги вашите пари, вели Перкинс.

Во својата емисија, Перкинс подвлекува и ја информира американската јавност дека конгресменот Смит заедно со уште шест републикански конгресмени испратил писмо до Џеј Бејли. Побарано е објаснување од амбасадорот Бејли за обвинувањата дека амбасадата во Скопје работи во полза на политички партии и финансира проекти на фондацијата на Џорџ Сорос во Македонија.

-Американците ќе бидат шокирани кога ќе дознаат дека Сорос во соработка со американската Влада преку УСАИД финансирал левичарски организации како и поранешната комунистичка партија во Македонија, со цел да ја сруши конзервативната Влада, информира Перкинс.

–Скандалозно е со пари на американските граѓани да се финансираат НВО преку Фондацијата Отворено Општество. Она што е загрижувачко е дека веќе се во тек пари кои се предвидени да легнат на сметка на НВО и тоа за 2017-2021 година, сума од 9,5 милиони долари. Ние во никој случај не смееме да заземаме страни. Ние можеме да одделиме пари за образование и слични проекти во граѓанското општество и слични граѓански проекти, но наместо тоа Сорос финансира ултра левичарски движења во Македонија. Ние го прашавме амбасадорот Џеј Бејли при што му беше испратено писмо, дали се финансирани ултра левичарски движења, кои придонесуваат за смена на закони но и го менуваат оној кој е избран од граѓаните на избори. Ова е скандалозно! Обама и неговата администрација не обезбеди транспарентност на овие проекти, вели Смит.

Смит тврди дека мора да има проверка во американската амбасада во САД и тоа од најниско до највисоко ниво.

-Скандалозно е Сорос да финансира со пари на граѓаните на САД, луѓе кои што сака да ги види на чело на државата. Парите на американските граѓани не смеат да бидат така користени, вели Смит.

Во емисијата се споменати насилните протести во Македонија а истите ги споредуваат со оние кои се случуваат во САД, по изборот на Трамп насочени против него а финансирани исто така од Сорос.

-Ова истовремено ги прекршува принципите дека САД не смее да промовира еден кандидат пред друг. Кои сме ние за да им кажуваме на Македонците: „За овој треба да гласате“? . Кои сме ние да финансираме организации кои спроведуваат агенда на Сорос, прашува Смит.

-Дали Македонија е таргетирана од страна на Сорос, поради брзиот раст на државата и успешните политики, прашува Перкинс.

-Можно е. Ние испративме многу сериозни прашања до амбасадорот Џес Бејли и ќе се погрижам активностите на амбасадата да бидат целосно истражени, вели Смит кој за крај заклучува дека Сорос е инфилтриран секаде низ светот и дека Македонија не е единствена жртва.