Свет

Смртна казна за чеченскиот бомбаш Џохар Царнаев

Смртна казна за чеченскиот бомбаш Џохар Царнаев

Американскиот суд го осуди Бостонскиот бомбаш Џохар Царнаев на смрт, со смртоносна инјекција.

По 14 часа размислување, поротата составена од пет мажи и седум жени ја донесе одлуката.

Три лица загинаа, а 260 беа повредени кога Царнаев (21), и неговиот брат поставија бомби на во целната линија на маратонот во Бостон во 2013 година.

Додека се читала пресудата, семејствата на жртвите и неговото семејство плачеа, а Царнаев само ја наведнал главата без да покаже никакви емоции.

Одлуката на поротниците била едногласна. За седум од 30 обвиненија против Царнаев одлуката била смртна казна, а се однесуваат за користење оружје за масовно уништување и бомбардирањето на јавно место.

Царнаев веројатно ќе биде префрлен во федералниот затвор во Индијана, каде што ќе му биде ставена смртоносна инјекција.

kazna

Џохар и Тамерлан Царнаеви се приведени на денот на бомбардирањето.

Тамерлан почина извесно време по бомбашките напади во престрелка со полицијата. Еден полицаец беше убиен за време на потрагата по нив.

sud

Обвинителите го претставиле Царнаев, кој во 2002 година со семејството од Кавказ емигрирал во Кембриџ, Масачусетс, како „ладнокрвен џихадист, без трошка каење, кој сакал да убива невини Американци за да се одмазди за убиствата на невини муслимани во американските војни во Ирак и Авганистан“.

Одбраната ја потенцирала возраста на Царнаев, кој за време на бомбашкиот напад имаше 19 години. Исто така, во одбраната за време на судењето бил користен и нивниот тежок живот како етнички  Чеченци кои живееле во поранешната советска република Киргистан и нестабилниот регион на Дагестан во Русија, во близина на Чеченија.

Нивното семејство се преселило во САД во 2002 година.

sud1