Смртни закани за Јоргенсен поради промашениот пенал со Хрватска

Драматичниот пораз на данските фудбалери од Хрватска во осминафиналето на Светското првенство остави длабок белег на данските играчи, но и на Данците воопшто.

Па така напаѓачот на „Феенорд“, Николај Јоргенсен, кој беше еден од тројцата играчи на кои хрватскиот голман Данијел Субашиќ им ги одбрани пеналите, преку социјалните мрежи доби смртни закани.
Случајот е пријавен во полицијата, која ги истражува заканите, пренесуваат данските медиуми.

Реагираше и Данската фудбалска асоцијација.

Ова мора да престане. Нашето општество не смее никогаш да прифати смртни закани, без разлика дали се однесува на ѕвездите на Светското првенство, дали на политичарите или било кој друг. Ова е целосно неприфатливо. Случајот е пријавен во полиција, со цел да се стави крај на ова лудило, се вели во соопштението на асоцијацијата.

Хрватска на пенали ја победи Данска со 3: 2, а освен Јоргенсен пеналите ги промачија најголемата данска ѕвезда Кристијан Ериксен и Ласе Шоне.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.