среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 40

Смртни закани за новинарите на Курир од страна на членови и активисти на СДСМ

smrtnizakanii

Последни вести

Смртни закани за новинарите на Курир од страна на членови и активисти на СДСМ. Откако вчера порталот под капата на опозицијата, Народен глас, на Рубин Ивановски, објави фотомонтажа каде наводно вработена во Курир говори за високи хонорари кои ги добива, активистите на СДСМ се охрабрија да се закануваат по живот.

rrubinnn02

Монструозни закани по живот добиваат новинарите на КУРИР од лица членови и активисти на СДСМ. Во својот текст и постовите кои подоцна ги објавуваа по социјалните мрежи, овие луѓе употребија фотографија на 5-ГОДИШНО ДЕТЕ!

Од редакцијата на „Курир“ појаснуваат дека вработената која беше мета на грозоморни напади, во Курир работи како ПРЕВЕДУВАЧ ВО АНГЛИСКА ВЕРЗИЈА,  а не како новинар.

goraaaanzakanaa

Лицето ГОРАН ГЕРАСИМОВСКИ, кое е член на СДСМ денес испрати смртни закани до вработената. Тој упати закани по животот на сите вработени во КУРИР. Како и новинарите на СДСМ, така и овој човек во своите напади спомнува и малолетно дете на вработената на која и се заканува.

goransilegovvv2323

Неговиот Фејсбук профил е полн со обележја на партијата на Зоран Заев, а негови пријатели се партискиот портпарол Петре Шилегов, претседателот на СДММ-Центар Саша Богдановиќ, лидерот на младината на СДСМ и пратеник Стефан Богоев и други функционери од опозицијата.

prijatelistefannn

bogoevvvv

Токму тоа е доволен доказ за неговата поврзаност со СДСМ и тоа остава простор за сомнеж дека насоките за вакво насилно однесување ги добива токму од таму.

Од редакцијата на Курир нагласуваат дека се згрозени од ваквиот монструозен чин и најавуваат дека ќе ги превземат сите мерки за своја заштита, но и ќе превземат се’ овие монструми да бидат соочени со законот.

УШТЕ ВЕДНАШ, ЌЕ ГИ ИНФОРМИРАМЕ НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ, СТРАНСКИТЕ АМБАСАДИ, СИТЕ НОВИНАРСКИ ЗДРУЖЕНИЈА.

БАРАМЕ ЈАВНО ИЗВИНУВАЊЕ, КАКО ОД ОВИЕ НАСИЛНИ ЛУЃЕ, ТАКА И ОД ЛИЦАТА БЛИСКИ ДО НЕГО, ОД ПАРТИЈАТА ЧИИ ИНТЕРЕСИ ГИ ЗАСТАПУВА И ПРОМОВИРА! Го прашуваме и СДСМ, дали овој насилен човек ќе го исклучи од редовите на партијата, доколку е нивни член?

Ова не е прв пат вработените на КУРИР да бидат мета на закани по живот. Ова не е прв пат да бидеме мета на заплашување од вакви лица.

НО, сега ќе поднесеме тужби против сите инволвирани лица и овие луѓе ќе одговараат пред законите.

Најчитани вести