Смртни закани за сопственикот на албанската новинска агенција Журнал

По објавената вест за трагедијата во скопското село Глумово, кога во неделата утрото се случи трикратно убиство и самоубиство, закани по животот добива директорот на агенцијата Журнал/Zhurnal.mk.

„Заканата била направена преку телефон која во меѓувреме е снимена во форма на аудио формат. Случајот за закана по животот на сопственикот на новинската агенција Журнал, веднаш ќе се достави до министерството за внатрешни работи, кое се очекува понатаму да преземе мерки за расветлување на случајот. Во последно време речиси секоја седмица новинската агенција Журнал и нејзините сопственици добиваат закани од ова исто населено место, речиси за секоја вест“, објави медиумот.

Како медиум којшто има цел да ја информира јавноста, иако денешната веста е објавена во многу медиуми, цел на заканите е точно новинската агенција Журнал и нејзините сопственици.

Директорот, којшто денеска добил закани по животот, одлучил заканата по телефон во аудио форма да ја пушти на интернет и истата да ја испрати и до органите на полицијата.

„Телефонскиот разговор, во кој била добиена заканата и кој содржи вулгарен заканувачки речник со пцовки и навреди, како резултат на новинарската етика, новинската агенција Журнал, не може да го опише, но истиот ќе го достави до надлежните органи“, објави агенцијата.

Журнал ја повикува американската амбасада но и другите итно да стапат во контакт со министерството за внатрешни работи да ги преземе потребните мерки за да се спречат заканите и да им се овозможи на новинарите да си ја вршат својата работа на најпрофесионален начин.

Инаку, ова не е првпат, откако ќе се случи еден таков случај, лоша вест како денешната, да се врши притисок да не се објавува во медиумите. Меѓутоа оваа вест е објавена во Журнал.мк, но и во сите други медиуми на албански и македонски јазик.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.