Смртоносната бактерија листерија покоси уште една жртва

Синоќа на клиниката за инфективни заболувања  почина уште една пациентка со листериозен менингоенцефалит, една од седумте случаи кај кои беше пронајдена бактеријата листерија. Пациентката имала 55 години и псоријаза како ризик фактор.

„И покрај тоа што се преземени сите мери за успешно  лекување, пациентката заврши со фатален исход. Бројката на вкупно дијагностицирани,  потврдени и лекувани е седум. За жал, вакви клинички синдроми не ретко одат со трајни нарушувања, особено главно од васкуларна природа, кај кои што  да се преземе во натамошнипт тек, мала е веројатнста за подобрување на клиничкиот синдром.Оттука е и овој исход. Оваа пациентка не се вклопува во категорија на лица над 65 години, кои се со поголем ризик за појава на болеста, што значи дека не се исклучува дека и други можат да заболат“, вели директорот на Клиниката за инфективни болести, Звонко Миленковиќ.

Пациентката била хоспитализирана на  7 јуни на одделот за интензивна нега на инфективната клиника со главоболка, повраќање, покачена температура и други потешкотии, кои започнале една недела пред прием на клиниката. Веднаш е отпочнат третман со антибиотска терапија, антиедематозна, диуретска, антикоагулантна, антиулкусна и останата супортивна терапија. Дошло до одредено подобрување на нејзината здравствена состојба , но во текот на вчерашниот ден настапува нагло влошување на состојбата со застој на срцето и покрај преземените мерки за интензивно лекување, во текот на ноќта состојбата се влошила и констатирана е смрт.

Нови заболени од оваа бактерија која за нешто повеќе од еден месец однесе четири жртви, нема, но со оглед дека инкубацијата на болеста трае и до 70 дена, не може со сигурност да се каже дека ова бактериско заболување нема да земе поголем замав.
Здравствената состојба на бебето кое што е  хоспитализирано на одделот за неонатологија при Клиниката за детски болести, што е исто така заразено од оваа бактерија е  подобрена и стабилна.

Министерството за здравство упати апел до сите здравствени  установи  сите потешки инвазивни форми на менингит и менингоенцефалит да се упатуваа на Клинката за инфективни заболувања, како претпазливост.

„За сите седум случаи за кои имавме докажано листерија епидемолози беа на терен и направија истражувања. Од ова епидемолошко истражување утврдено е дека само кај едно смејство имало и други заболени, но со гастроентерити, дијареа, неамле други проблеми, а кај еден завршило потешко  и е сместен на Клиниката за инфективни болести. Од истражувањето се бараше и начин на исхрана на целото семејсто и на заболените со цел да се поврзе изворот на зараза. Таквите истражувања се прават и ќе се прават во иднина“, истакна Јованка Костова, раководител на превентивниот сектор при Министерството за здравство.

Во Институтот за јавно здравје до утрово се пристигнати 100 мостри од месни производи, 28 мостри од млеко за доенчиња и 20 мостри од млечни производи. Анализи на мострите се прават и во лабораторијата на Институтот за јавно здраве и на Ветеринарниот факултет.
Од првичните резултати, Првите две се негативни мости, а останатите се уште се анализираат. Поконкретни резултати се најавуваат до петок.

„Периодот е кус за да може да се каже дека ќе бидеме мирни и состојбата се смирува. Доколу не се јават нови случаи во следните месец или два, тоа ќе значи дека ова било инцидентно и ќе можеме да бидеме  мирни. Состојбата се следи“, вели Костова.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.