Смртоносни комарци се појавија во Србија

Еве зошто некои луѓе се магнет за комарци

Србија во паника! Смртоносни комарци ги напаѓаат граѓаните. Во осум места во Војводина и Шумадија има легла со инсекти кои се заразени со вирусот „Западен Нил“.

Во Краљево пак, се апелира на претпазливост и носење на облека која ги прекрива сите делови од телото.

Западнонилската треска, која ја пренесуваат инфицираните комарци ќе демне низ Србија до крајот на октомври поради убавото време и температурата која ќе се движи околу 20 степени, како што најавуваат метеоролозите.

Според податоците на Институтот за јавно здравје оваа година во Србија досега од западнонилска треска починале осум лица. Сите биле постари од 60 години и имале некоја хронична болест. Официјално се потврдени 51 лабораториски  случај и 18 веројатни.

Српските експерти апелираат до жителите на местата каде е потврдено присуството на вирусот на бидат многу внимателни.