Смртоносни стршлени и се закануваат на Европа

Смртоносните азиски стршлени се сериозна закана за Европа. Во Франција, се забележани шест мртви, како резултат на нападот на роеви стршлени, известува Индипендент. Експертите претпоставуваат дека од Франција ќе се прошират во Велика Британија.

Во Британија, е  објавено предупредување до жителите да внимаваат на „Азија стршлени“, кои со себе носат смртна закана. Азиските стршлени Vespa velutina прв пат се појавуваат во Европа во 2005 година, но драматично многу брзо се размножуваат и се шират. Комитетот на британскиот парламент за животната средина за азиските оси ги стави на црната листа на инвазивни видови.

Нивниот отров може да предизвика алергиски реакции, откажување на разни органи и смрт.

Азискиот стршлен  е сличен на европскиот, но е значително поголем- расте до 5 см. Тие имаат широка глава и портокалово осило долго 6 мм , кое може постојано да инјектира големи количини на моќен отров. Населуваат области на Русија преку Кина и Јапонија, Индија и Шри Ланка. Нивниот отров , како и на пчелата и осата содржи цитолитичен  пептид  кој го оштетува ткивото.

Кога е смртно ранет , стршленот емитува феромони кои другите членови на ројот ги предизвикува  да нападнат. Затоа, уништувањето на нивните гнезда е крајно опасно.

Тие се многу агресивни предатори, а ги напаѓаат средните до големи инсекти како пчелите и другите оси. Тие се привлечени од страна на живописните бои и мирисот на човечката пот. Стануваат особено агресивни кога луѓето трчаат.