Смртоносниот антракс по грешка бил испратен во 17 земји

Армијата на САД призна вчера дека имало поголем пробле, со по грешка испратените пратки со жив антракс во повеќе лаборатории, отколку што првично беше објавено. Примероци од смртоносната бактерија се испратени во повеќе од 50 лаборатории, пишува АФП.

Претставници на Пентагон тврдат дека нем закана по јавното здравје, но последни податоци покажуваат дека примероци од бактеријата се испратени во 51 лабораторија во 17 земји, меѓу кои и во главниот град на САД, Вашингтон, во Канада, Австралија, Јужна Кореја.

И минатата година лабораториите во САД беа критикувани поради информациите за лошо управување со примероците на смртоносни бактерии.

Како резултат на тоа беа повлечени пратките на потенцијално опасни патогени од владините лаборатории во Атланта, а Центарот за управување со заразни болести и превенција затвори две лаборатории, од кои едната беше обвинета за неправилно управување со антракс.