Македонија

Смртоносниот азиски стршлен фатен во скопско Зелениково

Смртоносниот азиски стршлен фатен во скопско Зелениково

Стршен кој лета со брзина од 60 километри на час, а може да порасне до шест сантиметри е фатен во Зелениково.

Стршенот во Редакцијата на Вечер го донел скопјанецот Владо кој успеал да го фати во дворот на својата викендичка во скопско Зелениково. Тој вели дека стршенот чудно се однесувал, летал во големи кругови и слетувал на земја, притоа правејќи неверојатна бучава која е далеку посилна од онаа која ја прават обичните инсекти – осата, пчелата…

Неуспешни биле неколкуте обиди да го утепа, бидејќи е со многу тврда структура и лета брзо. Но сепак со неколкуте удари на крај успеал да го зашемети и затвори во пластичен сад.

Азискиот стршен ги напаѓа пчелите, убива и до 40 во една минута. Тој е опасен и за човекот. Од неколку убоди може да престане работата на бубрезите, да го отежни дишењето и да предизвика смрт. Смртоносниот азиски стршен деновиве повторно пристигна во Македонија. Лани летото за прв пат ваков страшен инсект се појави во Кавадарци во дворот на една семејна куќа во градското подрачје.

Овој инсект потекнува од азискиот континент. Лета со брзина од 60 километри на час, а може да порасне до шест сантиметри. Азискиот стршен ги напаѓа пчелите, убива и до 40 во една минута. Тој е опасен и за човекот. Од неколку убоди може да престане работата на бубрезите, да го отежни дишењето и да предизвика смрт.

Инаку азискиот стршен, прв пат на европскиот континент е забележан пред девет години во Јужна Франција.