Смртоносниот вирус МЕРС од Блискиот Исток се шири кон Европа – Еден заболен во Грција

Поради појавата на нов тип респираторен вирус „мерс  корона вирус“ што за првпат е регистриран во Саудиска Арабија во 2012 година, Министерството за здравство со препорака до сите кои имаат намера да патуваат периодов во земјите од  Блискиот Исток, да избегнуваат контакт со диви живони, заразени лица и да конзумираат само термички добро обработено месо и флаширана вода.

Овој вирус, кој најчесто се пренесува преку храна, директен контакт со заболено лице и контакт со диви животни (особено камила), засега во земјава не е присутен. Во Европа има  едно лице заболено во Грција, а излолирани случаи се присутни и во Италија , Франција, Германија, Холандија и Англија.
Сепак, вирусот најмногу е присутен во Земјите од Блискиот Исток, каде што од 683 случаи во светски рамки, околу 600 се токму во Јордан, Кувајт, Орман, Катар, Саудиска Арабија, Јемен Иран.
Статистиката говори дека голем дел од заболените, односно 34 отсто од вкупната бојка, завршиле со смртен исход.

„Во земјава нема регистрирано случај на заболен од МЕРС, но во континуитет се преземаат активности за заштита на населението.  Клиниката за инфективни болести е подготвена за испитување и третман на заболен со воспоставени протоколи за постапувае и спречување на интрахоспиални инфекци. Обезбедни се тестови за дијагноза. За лицата кои патуваат се подготвува краток памфлет  со основни препораки за превенција кои ќе се достават до аеродромот „Александар Велики“ и со сите гранични премини“, вели д-р Јованка Костовска, раководител на Комисијата за заразни болести.

Симптомите на овој вирус се многу слични на останатите респираторни инфекции: температура, треска, кашлица, тешкотии при дишењето. Најголем дел од заболените развиваат пнеумонија, а може да се јави и дијареа, како и бубрежни тегоби.

Третманот е симптоматски и во моментот нема соодветна вакцина за МЕРС.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.