Смртоносниот вирус МЕРС стигна во Словачка?

Кај 39-годишен странец во Словачка се појавиле симптоми кои оставаат сомнеж дека е инфициран од вирусот МЕР.

Како што пренесе дописникот на МИА, мажот бил пренесен во специјализиран дел од клиниката во Братислава, а примероци за тестирање на болеста биле испратени во лабораторија во Прага, од каде резултатите се очекуваат за 24 часа.

Словачките здравствени власти во соработка со полицијата испитуваат со кого бил потенцијалниот болен во контакт и преземаат мерки за заштита.

Инфекцијата МЕРС ја предизвикува коронавирус од видот на вируси кој е одговорен за болеста САРС, која во 2003 година усмрти околу 800 луѓе.

Најпрво се појави на Блискиот исток во 2012 година, а моментално е актуелен во Јужна Кореа каде веќе починаа 14 лица, а над 300 се инфицирани.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.