Смртта на Виктор Јанукович јуниор и официјално потврдена

Синот на поранешниот украински претседател загинал кога возилото во кое бил пропаднало низ мраз и потонало во Бајкалското езеро – соопшти Партијата на регионите на која и припаѓаше екс претседателот Јанукович.

На својот официјален веб сајт партијата објави дека Виктор Јанукович јуниор (33) смртно настрадал – објави Франс прес.

Руските власти вчера соопштија дека еден загинал кога возилото во кое имало 6 патници пропаднало низ мраз, додека некои руски медиуми објавиле дека групата луѓе се возеле по мразот за да се фотографираат.

Јанукович јуниор живеел во Украина откако неговиот татко ја загуби власта во Украина и замина во Русија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.