Смрттна казна за 26 лица кои се товарат за терористички заговор во Египет

Судот во Египет осуди на смрт 26 лица, сите обвинети за терористички заговор во реонот на Суецкиот канал, пишуваат египетските медиуми.

Осудените се прогласени за виновни затоа што формирале терористичка група со цел да ги напаѓаат бродовите што пловат низ Суецкиот Канал.

Сите беа обвинети и за производство и за поседување на експлозив, на ракети и на гранати со кои требало да се изврѓуваат нападите.

Острата пресуда врз оваа „заговорничка група“ доаѓа само 24 часови по именувањето на Ибрахим Махлаб за нов египетски премиер.

Во првата јавна изјава тој навести бескомпромисна пресметка со тероризмот во, како што рече, сите агли од земјата.