ФОТО: Смрзнат дожд во Будимпешта, 40.000 домаќинства останаа без струја

Околу 40.000 домаќинства во околината на Будимпешта денеска останаа без електрична енергија, откако регионот беше заплиснат од смрзнат дожд, а паднати дрвја ги прекинаа електроводовите, објави МИА.

Тешки гранки и цели дрвја паднаа откако беа покриени со мраз со дебелина од 10 сантиметри. Со мраз се зафатени цели шуми на надморска височина над 400 метри, изјавија доброволци.

Шумските служби затворија огромни територии на места со надморска височина над 400 метри за да не се дозволи влегување на луѓе. Нема податоци за настрадани или загинати.

Градоначалникот на Будимпешта ги замоли семејствата да не ги испраќаат
своите деца на училиште, затоа што не е безбедно да одат под дрвјата, чии гранки може да се покриени од тони мраз.

И во јавниот транспорт има застои, а неколку километри од еден од обиколните патишта на престолнината беа затворени поради закана од паѓање на високоволтен електровод.

Унгарскиот енергетски оператор МАВИР соошти дека има проблеми со неколку електроводи со голем капацитет, затоа што е можно нивните конструкции да паднат. Ремонтните активности може да потраат со месеци, но електродострибуцијата нема да биде засегната, изјави компанијата.

q q1 q2 q3 q4

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.