СМС пораките за поведението на учениците омилени кај родителите

Расте  интересот на родителите за добивање СМС со информации за тековните активности, оценки и поведение на нивните деца, посочи министрот за оразование и наука, Спиро Ристовски.
За четири месеци, откако оваа услуга е достапна, бројот на корисници е зголемен за 48 отсто. Споредбено со почетокот на реализација на проектот „Иноформиран родител“, кога согласност за добивање на ваква СМС услуга дале околу 143 илјади родители, само оваа недела испратени се околу 212 илјади  пораки.
„Родителите и старателите го практикуваат овој начин на информирање за состојбата на нивните деца во училиште и повеќе не се чекаат само родителски средби. Се интензивираат и средбите на родителите со класните раководители. Целта на понуденат можност е постигната и во интерес на родителите, бесплатната СМС услуга и понатаму ќе биде достапна за секој активен и потенцијален корисник“, посочи министерот Ристовски.
Од ноември минатата година, податоците од електронскиот дневник кои ги содржат промените во дневникот и информации за оценките, активностите и поведенијата на децата, еднаш неделно, преку СМС пораки им се доставувуваат родителите.