Снаата на американскиот претседател Трамп примил писмо со бел прав

Снаата на американскиот претседател Донал Трамп е префрлена во болница како превентивна мерка поради прегледи откако отворила писмо во кое имало бел прав.

Ванеса Трамп, сопругата на Доналд Тамп Џуниор, била префрлена во болница во 10 часот утрото пол локално време, откако на полицијата ѝ кажала дека била изложена на бела прашкаста материја откако отворила коверт.

Нема знаци дека претрпела повреди. Правот е тестиран и се чини дека не е опасен, но истрагата сѐ уште трае, соопшти полицијата.

Писмото било испратено на адреса на станот во њујоршки Менхенетн и адресирано на Донлад Трамо Џуниор, изјавил полицискиот портпарол.

Ванеса Трамп е едно од трите лица кои поради превенција се префрлени во болница, но не е познато кои се другите две лица.

Четириесетгодишната Ванеса е модел, а омажена е за Доналд Трамп помладиот од 2005 година. Двојката има пет деца.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.