Бразил2014,Спорт

Снајдер се уште има шпански кошмар

Снајдер се уште има шпански кошмар

За репрезентативецот на Холандија, Весли Снајдер, поразот во финалниот натпревар од претходниот Мундијал во Јужна Африка е најболниот момент во неговата фудбалската кариера.

И покрај одличната игра и во регуларните 90 минути и во двете продолженија од по 15 минути, репрезентативците на Холандија на крајот доживеаа минимален пораз од селекцијата на Шпанија, а единствениот погодок на натпреварот, постигнат во 116 минута беше дело на Андре Ињеста.

„Поразот од Шпанија во финалниот натпревар од преходниот Мундијал е дефинитивно најразочарувачкиот момент во мојата фудбалска кариера. Морав да поминам покрај победничкиот пехар, но не добив шанса да го допрам, да го подигнам. Бевме многу блиску до историскиот триумф, бевме на само четри минути од пенал-рулетот. Разочарувањата се составен дел од фудбалската кариера. Секогаш ќе имам кошмари од тој натпревар, секогаш ќе се сеќавам на пропуштената шанса во 62 минута. Бевме многу блиску до светската титула. Секогаш ќе имам болка, но тоа се случи и јас не можам да ја променам историјата”, изјави стандардниот првотимец во дресот на турскиот гигант Галатасарај.