Снег и заладување од утре

Повремени врнежи претежно од снег не очекуваат утре, особено во западните делови од земјава.

Кон крајот на денот под влијание на продор на многу студена воздушна маса од север ќе започне да дува засилен, а повремено и силен северен ветер, кој во наредните денови ќе предизвика значителен пад на температурите, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според УХМР, особено силен ветерот ќе биде в понеделник, кога повремено брзината ќе достигнува и над 80 километри на час.

Во понеделник и среда ќе има и повремени слаби врнежи од снег.

Утринската температура ќе биде најниска во среда кога се очекува да се спушти од -12 до -3, а дневната до среда ќе биде во интервал од -4 до 5 степени.