Снег на Хаваите?

хаваите

Весникот „Лос Анџелес Тајмс“ јавува дека изминатите денови паднале 90 сантиметри снег на највисоките планински врвови – Мауна Кел и Мауна Лоа.

Во другите делови од Хаваите поројните дождови предизвикале поплави.

Метеоролошки експерти изјавиле за весникот дека не е невообичаено, снег да паѓа на тропскиот остров, но дека е мошне ретко да падне во толку голем обем, на пониските височини.

На врвовите Мауна Кел и Мауна Лоа кои се високи по четири илјади метри, снег паѓа обично, по пет шест пати во текот на годината, но има зими кога на нив воопшто нема да има снег, како што тоа беше минатата година.

Снегот на двете планини, предизвикал блокада на патиштата до високите терени, на кои се очекува да се најдат љубителите на скијање и ски бординг.

Во другите делови од Хаваите, зафатени со силните дождови, температурата изнесува 20 степени Целзиусови.

Американските метеоролози најавиваат дека ваквото време ќе се задржи на Хаваите и во наредните денови.