Снег на патиштата кај Попова Шапка, Буково и Ѓавато, магла на Плетвар

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно, по влажни влажни коловози.

Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка, планински превој Буково и  планински превој Ѓавато. На планински превој Пресека врнежите се од дожд и снег.

Намалена видливост поради магла има на планински превој Плетвар видливост од 70-100м.

На патниот правец Страцин – Крива Паланка на излез од Страцин во правец на Крива Паланка поради свлечиште зафатена е третата лента од коловозот во должина од 150м. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Поради одрони и голема количина на камења на патниот правец  Кочани –  Македонска Каменица сообраќајот е во прекин. Сообраќајот се пренасочува преку патниот правец Виница – Берово – Делчево.

Сообраќајот кај клучка Марвинци – Гевгелија е во прекин поради излевање на река Вардар на коловозот.

На патниот правец Катланово-Велес, после наплатната станица Сопот, кај потпорниот ѕид, одронот е исчистен, сообраќајот превентивно се одвива по една коловозна лента во должина од 200 метри. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Тработивиште – Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на река Брегалница. Алтернативен пат за Тработивиште е стариот пат Делчево-Тработивиште.

Дежурните екипи на ЈП Македонија пат деноноќно работат на расчистување на одроните и оспособување на сите патни правци за нормално одвивање на сообраќајот.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.

Од Македонија пат на учесниците во сообраќајот им препорачуваат внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.