Снег на патните правци Крива Паланка – Деве Баир, Страцин, Попова Шапка, Стража

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по влажни коловози, соопшти Автомото сојузот на Македонија во извештајот за состојбата на патиштата во 18 часот.

Врнежи од слаб снег има на патните правци Крива Паланка – Деве Баир, Страцин, Попова Шапка, Стража, Маврово, Крушево, Павлешенци, Делчево и Смојмирово. На повисоките места има остатоци од кашест снег по интервенција на екипите на ЈП Македонија пат.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија – Удово и Катланово-Велес.

На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината кон условите на патот.