Снег во јули ги изненади туристите на Алпите

Снег ги изненади туристите на делови од француските Алпи.

Францускиот дневен весник „Дафин либер“ објави дека туристите во градот Розије во продавниците барале санки.

Во одморалиштата Тине и Валдизер снегот ги „уништи“ шансите за параглајдинг и за велосипедски трки.