Снег во Крушево, Македонски Брод, Буковои на Плетвар

Внимателно управување со автомобилите и прилагодување на брзината на условите на патот се советите што Македонија пат ги упатува до сите учесници во сообраќајот.

Од таму соопштуваат дека утринава забележано е слабо провејување на снег во Крушево,М.Брод,Плетвар и Буково кој сепак не предизвикува застој во сообраќајот.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по местимично влажни коловози.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патнитеправци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.