Снег во Маврово, Крива Паланка, Железнец и Пресека

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по претежно влажни коловози. Слаб снег проследен со северен ветер провејува во Маврово, Крива Паланка, Железнец и планинскиот превој Пресека, информира АМСМ.

Оттаму посочуваат дека е можна појава на помали одрони во клисурите и усеците, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.