вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 24

Снег во Маврово, најниска температура нула степени

Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд, особено претпладне во западните делови

sneg mavrovo

Поврзани вести

Според Управата за хидрометеоролошки работи, во Маврово во осум часот е измерена висина на снежна покривка од два сантиметра, каде што е забележана и најниската утринска температура од нула Целзиусови степени

Времето во Македонија претпладнето е облачно и посвежо, на повеќе места со врнежи од дожд, поинтензивни на југот од земјата. Дува слаб северен ветер, поинтензивен на повисоките места и во гевгелиско.

Најниска температура од нула степени е измерена во Маврово, Крушево и Лазарополе, два степена во Тополчани, 4 во Ѓуриште, Пожаране и Охрид, 5 степени во Дебар, Претор, Крива Паланка, Берово и Битола, 6 во Тетово и Прилеп, 7 степени во Куманово и Виница, 8 степени се измерени во Скопје, Дојран, Струмица и Штип, 9 во Демир Капија и 10 степени во Гевгелија.

До осум часот најмногу наврнат воден талог во изминатите 24 часа е измерен во Охрид (30 литри на метар квадратен), 24 во Берово, 22 во Демир Капија, 20 во Маврово, 18 литри на квадрат во Виница, 15 во Крушево, Лазарополе и Претор, 14 во Пожаране и Прилеп, 13 во Струмица, 12 литри во Битола, Гевгелија и Тетово, 11 во Скопје, Тополчани и Крива Паланка, 8 во Штип и Ѓуриште, 7 литри воден талог во Дебар, 6 во Куманово и 5 во Дојран.

Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд, особено претпладне во западните делови. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 10 до 17 степени.

Во Скопје облачно, со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер. Температурата до 14 степени.

Како што најави УХМР, од вторник ќе дува јужен ветер со краткотрајно покачување на температурите, а потоа во среда од ноќта кон четврток нов и значително постуден бран ќе донесе нови врнежи, силен ветер и повремен снег на планините, особено на север.

Најчитани вести