Снег во Пелагонија и југозападна Македонија

пелагонија

Најстудено е во Берово каде се измерени -10 степени, по што следуваат Тетово со -9, Крива Паланка и Маврово -8, Струмица -7, Пожаране, Скопје, Куманово, Дебар и Штип -6, Ѓуриште, Лазарополе и Скопје Петровец -5, Виница, Крушево и Демир Капија -4, Битола и Тополчани -3 и Прилеп -2. Нула степени утринава се измерени во Охрид, Претор и Гевгелија, а еден степен во Дојран.

Во текот на денот се очекуваат повремени врнежи од снег, а во југоисточните делови врнежите ќе бидат од дожд и снег. Во јужните делови врнежите на места ќе бидат со умерен интензитет. Висината на снежната покривка нема значително да се зголеми, на планините за пет до 10 сантиметри. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец, кој попладне ќе го промени правецот во северен.

Највисоката температура на воздухот ќе биде во интервал од -2 до 4 степени , а во Полошката котлина до околу -4 степени.

Снежната покривка е највисока во Маврово 71 сантиметар, Лазарополе 51, Пожаране 49, Ѓуриште 44, Крушево 33, Тетово 30, Битола 27, Берово 25, Скопје Петровец 20, Скопје и Демир Капија 18, Тополчани 13, Крива Паланка и Струмица 10, Дебар и Штип 7 и во Прилеп 3 сантиметри.

За утре се најавува претежно облачно и студено време со повремени врнежи од снег со слаб интензитет, особено претпладне и на југоисток. Ќе дува и умерен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Од четврток облачноста постепено ќе се намалува, утринските температури ќе бидат во опаѓање и најниски се очекува да бидат во сабота од -16 до -6 степени, а дневните во благ пораст.