Снегот го отежна сообраќајот, забрани за камиони на планинските превои

возила

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Стража, Маврово, Пресека и Ѓавато, информира диспечерскиот центар на ЈП „Македонија пат“ во извештајот за состојбата на патиштата во 18 часот.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово–Дебар-Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  кон условите на патот.