четврток, 5 јануари 2017  |  Вести денес: 2

Снегот го отежна сообраќајот, засега без застои

Поради снегот што паѓа од ноќеска во поголемиот дел од државава, патниот, железничкиот и авиосообраќајот се одвиваат во зимски услови, засега  без значителни проблеми и застои.

снег

Поврзани вести

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози во северниот, западниот и југозападниот дел од државата, а во останатите делови од државата коловозите се наместа влажни. Во раните утрински часови врнежи од снег со послаб интензитет се бележат во Крива Паланка, Страцин, Куманово, Тетово, Гостивар, планинскиот превој Стража, Кула и Маврово. На Попова Шапка врнежите од снег се со среден интензитет. Врнежи од слаб дожд се бележат во Охрид и Дебар, наведува Автомото сојузот на Македонија во извештајот за состојбата на патиштата во шест часот изутринава.

Без проблеми од изутринава се реализирани предвидените полетувања и слетувања ид аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, покажуваат податоците на веб страницата на концесионерот „ТАВ Македонија“.

Снег на пат       .jpgПоради снегот забавено се одвиваат сообраќајот во Скопје, како и меѓуградскиот превоз.

Според  прогнозата на Управата за хидрометеролошки работи на Македонија (УХМР), пообилни врнежи од снег ќе има во попладневните и ноќните часови. Насекаде ќе се формира снежна покривка, на планините и до 50 сантиметри. Ќе дува умерен, попладне засилен северен ветер, но во јужните делови претпладне ветерот ќе биде јужен.

снег патиштаЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот.

Поради најавата од УХМР за врнежи од снег и многу ниски температури на територијата на Македонија во наредните денови, владиното Координативно тело за справување со кризи и  Управувачкиот комитет за кризи апелира граѓаните да бидат внимателни при планирање на патувањата, односно да не тргнуваат на пат доколку немаат итна потреба, да носат соодветна зимска опрема, а особено транспортните возила за кои не е исклучена забрана во определен период. Компанијата ЕВН треба да формира тимови кои ќе бидат со зголемена мобилност и зголемена оперативна подготвеност во случај на нарушување на системот за снабдување со електрична енергија.

Најчитани вести