Балкан

Снегот го парализираше Златибор, 4000 куќи се без струја

Снегот го парализираше Златибор, 4000 куќи се без струја

Најмалку десет златиборски села ноќеска останаа без струја, бидејќи од тежината од снегот се срушиле шест далекуводи од 10 киловати.

Без струја останале околу 4000 домаќинства во повеќе села во тој крај.

Утринава биле ангажирани сите екипи кои на терен се обиделе да ја отстранат хаваријата и да го нормализираат снабдувањето со струја.

Освен овие златиборски села, без струја се и повеќе населени места во Србија.