Снегот и мразот продолжуваат да создаваат проблеми во Словенија и Хрватска

Снегот и мразот веќе трет ден продолжуваат да создаваат проблеми во Хрватска и Словенија, пренесе агенцијата „Танјуг“.

Хрватската планинска област Горски Котор е окована во мраз. Се кршат гранки и цели стебла кои паѓаат врз замрзнатите патишта и предизвикуваат хаос во сообраќајот. По некои локални патишта движењето е забрането, затворени се и два гранични премини на хрватско-словенечката граница.

Во Словенија 50.000 домаќинства ја поминале ноќта без струја. Љубљана , Постојна, Целе и Крањ се под ледена покривка, што освен проблемите со снабдувањето со електрична енергија, ги блокира и патиштата. Во реонот на Љубљана 1.048 трафостанции не работат, прекинат е и 110 киловолтниот далновод .

Снегът и ледът продължават да създават проблеми в Словения и Хърватия

Поради лошото време двете земји трпат огромни материјални штети, што се проценуваат и на неколку милиони евра. Речиси половина од словенечките шуми, околу 500.000 хектари се загрозени, а постои опасност и од поплави, кога мразот ќе почне да се топи, предупредуваат експертите. Се очекува лошото време во Словенија да продолжи до крајот на неделава.