петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 52

Снегот ја блокира источна Бугарија, 117 населени места без струја

Најтешко е ситуацијата на североисток. Речиси сите патишта во област Варна се затворени со исклучок на Варна-Кичево и Варна-Повелјаново. Пристаништето останува затворено.

sofija-sneg

Последни вести

Оштетените далеководи оставија 117 населени места без електрична енергија.

Снежните врнежи во последното деноноќие повторно ги блокираа патиштата во источна Бугарија. Најтешко е ситуацијата на североисток. Речиси сите патишта во област Варна се затворени со исклучок на Варна-Кичево и Варна-Повелјаново. Пристаништето останува затворено.

Слична е ситуацијата во областите Добрич и Шумен. Единствениот отворен пат низ област Добрич е Варна-Дуранкулак. Во текот на ноќта спасувачките екипи евакуирале патници од десетици заглавени автомобили.

Во Добрич вонредната состојба останува на сила и за среда. Без вода на територијата на областа се седум села. Од Окружната администрација предупредуваат луѓето да не патуваат надвор од населените места бидејќи е невозможно.

Затворени се и речиси сите патишта на територијата на Шуменска област, соопшти Радио “Шумен.

Во кризните центри се сместени 205 луѓе кои останале без дом. Граѓаните можат да пријавуваат потребна помош на телефонот 112.

Поради искинати далеководи без струја се 117 села во кои има 23 000 жители, соопшти министерот за енергија во оставка Петков. Најмногу проблеми има во Добричката област. Таму има наврнато многу снег и екипите на електродистрибуција тешко стигнуваат до оштетените и скинати далноводи.

Најчитани вести