Снегот ќе ги заштити есенските посеви од студ

посеви

Според нив, издржливоста на посевите во вакви услови е многу поголема.

УХМР најавува постудено време во наредните денови. Подолгото задржување на ниските температури, нагласуваат експертите, може да предизвика  измрзнување кај младите лозја и овошки, посебно долж Повардарието и во Малешевијата. Посебно ризичен беше поларниот студ изминатата недела кога во житородните региони Битола и Штип беа измерени -24,6  и -20,6 степени.

Минималните температури изминатиот период, од -10 во Гевгелија до -28 во Берово и -16,6 во Демир Капија, укажуваат на опасност од делумно измрзнување на родните окца кај виновата лоза, особено кај младите насади. Слична е состојбата и со овошните насади во Малешевијата каде температурите беа повисоки од -28 степени, а издржливоста на коскестите видови е од -25 до -35, особено кај младите насади кои имаат поголемо количество сокови во стеблото и гранките и се поподложни на измрзнување, оценуваат агрометеоролозите.

Евентуалните штети од измрзнување во овој момент не може да се констатираат се додека не почне пролетното кроење кога не е исклучено и да се корeгираат одредени состојби.