„Снежана и седумте џуџиња“ денеска на „Скопско лето 2016“

Театарската претстава „Снежана и седумте џуџиња“ ќе биде изведена денеска напладне во Драмски театар во рамки на годинашното „Скопско лето“.

Режисер на претставата е Димче Николовски, драматизацијата е на Александра Бошковска, музиката на Димитар Андоновски, сценограф е Сергеј Светозарев, а костимограф Лира Грабул.

Снежана, џуџињата и другите ликови во претставата ги играат актерите: Александра Павлова, Трајанка Илиева-Велиќ/Калина Наумовска, Златко Митрески, Александар Стефанулески, Димитрија Доксевски, Мартин Минговски, Дритон Вејсели, Соња Стамболџиоска, Сања Арсовска, Благица Димитровска, Емилија Мицевска, Бобан Алексовски, Дарко Карбески и Марко Илиќ.