Снежна бура на источниот брег на САД

Жителите во областа во источниот брег на САД, од Филаделфија, преку Њујорк до сојузната држава Мејн денеска очекуваат силно снежно невреме, кое би можело да резултира со снежна покривка од околу 60 – 90 cm во Њу Џерси и 45-60 cm  во Бостон, како и со големи проблеми во сообраќајот за десетици милиони луѓе.

Американската национална метеоролошка служба издаде предупредување кое ќе важи од денес до вторник, а градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио предупредува дека ова дословно би можела да биде една од двете или три најголеми снежни бури во градот од 1872 година, пренесува Ројтерс.

Компанијата Американ ерлајнз веќе откажа поголем број летови, меѓу кои и еден лет од аеродромот во Њујорк Џон Кенеди до лондонскиот Хитроу и еден од Хитроу до Њујорк, соопшти портпаролот на авиокомпанијата Мет Милер.