Снежна бура повторно го погоди североисточниот дел на САД

Нова снежна бура, трета оваа недела, го погоди вчера североисточниот дел на САД.

Откажани се стотици летови, а беа затворени и училишта и административни служби во Бостон, пренесува МИА.

Над 1.900 летови кон и од САД беа откажани вчера, од кои 69 отсто беа од Бостон.

Застој имаше и во њујоршкиот воздушен сообраќај, 55 отсто од летовите на аеродромот во Ла Гвардиа се откажани, 33 од Њуjoрк и 26 отсто од аеродромот Џон Кенеди.

Издадени се предупредувања за снежни бури во Делевер и Мејн.