ВИДЕО: Снежна бурa вo САД остави над 1 милион луѓе без струја

Повеќе од 1 милион лица останале без електрична енергија, поради обилни снежни врнежи проследени со ветрови, кои го зафатиле североисточниот дел на САД, поточно од сојузната држава Канзас па до Масачусетс, јавува германската новинска агенција ДПА, пренесува Нетпрес.

Околу половината од оние што останале без струја се од сојзуната држава Пенсилванија.

Во невремето наврнале над 30 сантиметри снег, што предизвикало прекин во сообраќајот на многу локации, а одложени биле и преку 3.000 летови на авиони.

Во некои делови биле затворени училиштата и други институции, а во Канзас и Њујорк, како и во неколку други сојзуни, држави била прогласена вонредна состојба.

Меторолозите прогнозираат дека обилните снежни врнежи долж источното крајбрежје на САД ќе траат до понеделник.