Снежната бура се приближува кон Канада

Снежната бура која што предизвика застои, откажување на летови и проблеми со снабдувањето со електрична енергија на источното крајбрежје на САД, сега се движи кон источна Канада.

Според најновите информации, бурата проследена со снег и мраз на источното крајбрежје однесе најмалку 25 животи, без електрична енергија остави најмалку стотина илјади лица и предизвикала голем верижен судир во Пенсилванија во кој што се повредени најмалку 30 лица.

Надлежните канадски служби издале бројни предупредувања бидејќи се очекува влошување на временските прилики во текот на викендот во областите на крајбрежјето на Атланскиот океан.

Властите затвориле делница од пат долга 200 километри во Квебек, а во некои област во тој дел се очекуваат големи врнежи од снег.

Ветрот достигнува брзина и до 95 километри на час.