Свет

Снежно невреме во САД

Снежно невреме во САД

Поради снежното невреме кое што го погоди источното крајбрежје на САД, се затворени неколку училишта и сојузни институции, а откажани се и повеќе летови.

Според информациите на Американскиот метеоролошки завод, најтешко погоден е Вашингтон.

Снегот и мразот во голема мера го загрозија Националниот аеродром Роналд Реган во Вашингтон каде што пистите останале затворени.

Ситуацијата се очекува да се смири попладне, а снежната бура која ги погоди Виџинија, Мериленд, Делавер и јужниот дел на Њу Џерси, се пренасочила кон морето.