Свет

Снежното невреме во Чикаго откажа 2.000 летови

Снежното невреме во Чикаго откажа 2.000 летови

Поради силната бура, што полека се движи по американскиот среден запад, откажани се околу 2.000 летови, а во сообраќајни несреќи, предизвикани од снегот по патиштата, загинале две лица.

Невремето почна во Чикаго, каде до ноќеска се очекуваат да наврнат околу 30 сантиметри снег, и потоа полека тргна кон Пенсилванија и западниот дел на државата Њујорк.

Снежната бура најверојатно ќе зафати голема област од Небраска до Мејн, сооошти Националната метеоролошка служба.

Поради невремето, досега се откажани 1.950 летови, главно на двата аеродрома во Чикаго, пренесоа американските медиуми.

Во Небраска, во неделата беа затворени некои делници од сообраќајницата „Интерстејт 80“, пред се, заради несреќи предизвикани од замразнати патишта, во кои погинаа возач на камион и 62-годишна жена.

Снежната бура предизвика и прекин во снабдувањето со струја во предградијата на Чикаго и северна Индијана.