Свет

Снежното невреме во Европа ја зема првата жртва

Снежното невреме во Европа ја зема првата жртва

Снежното невреме кое ја зафати Франција веќе ја зема и првата жртва. Почина 27-годишен маж кој со автомобилот беше затрупан од снег, додека блокирани во снегот се 15.000 возила. Формирани се привремени центри во најмалку 12 града каде оние кои се приморани да ги напуштат возилата може да побараат засолниште.

Франција прогласи портокалово предупредување во 19 регионални департмани, а поради лошите временски услови затворено е француското пристаниште Кале.

Снежното невреме не ги поштеди ниту Германија и Британија. Над 100.000 луѓе по снежната бура останаа без електрична енергија во Британија, додека голем дел од автопатиштата во Германија се блокирани поради сообраќајни несреќи предизвикани од камиони кои пролизгале.

Колона автомобили долга 20 километри е формирна во близина на Штудгард, а под снег е и половина Италија.