Снежното невреме во Европа направи метеж

Интензивните снежни врнежи создадоа голем метеж ширум Европа кој најтешко ги погоди француските Алпи каде околу 15 илјади луѓе се блокирани.

Британците ги погоди снежна бура оставајќи повеќе од 100 илјади луѓе без струја, додека на заледени автопатишта во Германија има голем број камиони кои поради пролизгување направија сообраќајки и го блокираа сообраќајот. Ширум Европа одложени се голем број авионски летови.

Во Германија во близина на Штутгард формирана е колона автомобили долга 20 километри, поради застој на автопат поради временски услови, а најголемиот аеродром во државата во Франкфурт откажа 20 од планираните повеќе од 900 летови.

Од друг страна, мобилните вржени од снег создадоа речиси идилични услови за скијачите во Франција и Германија.

Под снег е и повеќе од половина од Италија.

Снегот и мразот меѓутоа погодија голем број луѓе кои се упатија или се враќаат од скијачки центри во југоисточна Франција каде властите отворија прифатни центри во најмлаку 12 градови.

Околу 15 илјади возачи вчера беа завеани на француските Алпи, а голем дел од нив беа приморани ноќта да ја поминат во автомобилите, јавуваат француските медиуми.

Франција прогласи портогалово предупредување во 19 регионални департмани, а поради лошите временски услови затворено е француското пристаниште Кале.

Поради ваквите временски услови Париз, Лион, Кале и Поатие ги зголемија капацитетите за сместување бездомници. Локалните власти во југоисточна Франција предупредуваат на голема опасност од снежни лавини. Еден човек вчера загина отако беше затрупан со снег на јужните француски Алпи.

Студениот бран како што се очекува ќе се задржи на европскиот континент и во новогодишанта ноќ, а во Британија според прогнозите, температурите ќе бидат десет степени под нулата.